Што вели хороскопот за жените?
Бидејќи денеска е 8-ми март, еве што хороскопот говори за жените родени во одреден знак.
Жената Скорпија е „најстрашна“ од сите знаци. Не се злобни, искрени се и не се воздржуваат. Се прикажуваат како ладни и нечувствителни, а ако сакате да бидете со нив, подгответе се да слушнете сè што мислат, но не во завиена форма.
Жените Јарци се родени перфекционисти, а кога се работи за врски, тие ќе го дадат најдоброто од себе. Секогаш сакаат да бидат доминантни, но секогаш ќе бидат покрај вас, бранејќи ве и чувајќи го вашиот грб од сè и секого.
Рибите одлично можат да ги „прочитаат“ луѓето, па имаат посебен начин на запознавање и зближување. Од сите знаци, тие се најчувствителни, па никогаш нема да смислат нешто лошо за да ве повредат. Ако згрешат, прво ќе се извинат и ќе се обидат да ја поправат грешката.
Стрелците во врската никогаш нема да се постават лошо кон вас. Го подигнуваат расположението на партнерот и секогаш на прво место ги става туѓите потреби. Ова може да доведе до потиснување на сопствените чувства. Довербата е многу важна за нив, а ќе ви бидат лојални до крајот на животот.
Вагите се едни од најљубезните хороскопски знаци, а жените во врската се обидуваат да избегнат конфликти, иако тоа може да биде негативна карактеристика понекогаш. Тие секогаш целат да бидат позитивни и среќни, а ако некој ги повреди, тоа го чувствуваат многу длабоко.
Жените Близнаци имаат две различни страни – половина од времето тие се забавни и расположени, а во преостанатото време може да бидат негативни и намуртени. Во врската секогаш се обидуваат да ја скријат едната страна, но со тек на време, ќе мора да се навикнете и да ги прифатите какви што се. Тие ја ценат лојалноста и довербата, но ако еднаш поминете преку нив, може да ве избришат без да трепнат.
Најтешко во врската со Водолија може да биде да ја научите да се сака себеси, иако може вас да ве сака најдобро што може. Премногу размислуваат, па секогаш ќе мора да го слушате и нивното измислено сценарио. Трпеливоста е клучна.
Лавовите се безнадежни романтичари со нереални очекувања. Иако се подготвени да направат сè за личноста која ја сакаат, сепак може и да им се допаднат други луѓе. Ги фрустрира кога даваат сè што имаат на некого што воопшто не им возвраќа во слична мера.
Жените Ракови не се лоши девојки, напротив, би биле едни од најдобрите, доколку не ги оттурнуваа луѓето од себе толку многу. Не веруваат никому освен на самите себе. Се плашат да сакаат, иако имаат желба за тоа.
Најтешко е да бидете во врска со жена Бик. Тие не се заинтересирани за тоа. Не е дека не сакаат да се согласуваат со луѓето, едноставно имаат свој начин на живот и среќни се со него.
Овните сакаат да преземаат контрола врз секоја ситуација која за многу мажи понекогаш е тешка. Нивниот силен карактер може да биде причина заради која привлекле некого, но истиот може да биде и причина за одбивност подоцна.
Девиците се најкритични од сите знаци. Ова ја прави врската тешка затоа што тие никогаш не мислат дека се доволно добри за личноста за која се заинтересирани. Несигурни се и љубоморни, што најчесто води до пропаст.