Што значи паметно штедење?

Добивај вести на Viber

Во свет во кој економската сигурност и слободата се најважни, паметното штедење и финансиската писменост се покажаа како клуч за светла финансиска иднина. Со еволуцијата на технологијата и појавата на иновативните финансиски алатки, поединиците сега имаат моќ да преземат контрола над својата финансиска судбина како никогаш порано. Паметните алатки за штедење можат и да ги образуваат корисниците за финансиско управување, помагајќи им да донесуваат одлуки врз основа на информациите и да поттикнуваат чувство на финансиска одговорност.

Паметното штедење не е само одложување на дел од вашиот приход, туку моќен и ефикасен метод со цел мудро да ги постигнете вашите финансиски цели. Сепак, може да претставува предизвик моментот од каде да се почне или како да се одржат навиките за штедење. Добра вест е дека постојат неколку испробани и вистински тајни за успешно штедење кои можат да ви помогнат да ги постигнете вашите финансиски цели.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да започнете поефикасно да штедите:

  1. Поставете цел за штедење.
  2. Водете евиденција за вашиот прилив на средства. Создадете буџет кој ќе ви помогне при приоритизирањето на трошоците со цел да заштедите повеќе.За успешно да заштедите, треба да знаете колку пари секој месец ќе добиете и колку ќе потрошите. Создавањето буџет ќе ви помогне да ги идентификувате областите каде што можете да го намалите трошењето и да заштедите повеќе.
  3. Автоматизирајте ги вашите заштеди - Направете автоматско повлекување на средства од вашата сметка веднаш штом пристигне вашиот прилив за плата. Одредете го месечниот буџет кој ви е потребен за да можете да го достигнете исполнувањето на вашата цел.

4.  Прилагодете го штедењето - Секој поединец има единствени финансиски цели. Паметното штедење овозможува прилагодување, така што можете да ја адаптирате вашата стратегија на штедење за да ги задоволи вашите специфични потреби, било да се работи за создавање фонд за итни случаи, штедење за одмор од соништата или планирање за пензија.

5.  Изберете го вистинскиот производ за штедење - Согласно вашите желби и потреби, потребно е да го одберете и вистинскиот начин на штедење. Халкбанк АД Скопје располага со широка палета на депозитни производи кои го нудат најдоброто согласно вашите потреби и динамиката на штедење која ви одговара.

Покрај најразличните депозитни производи кои ги нуди ХалкБанк, еден од најинтересните и најатрактивни е Генералното штедење со фиксна каматна стапка. Доколку сакате вашиот влог да расте сигурно и стабилно орочете ги вашите средства и искористете ги поволните услови за штедење.

Минималниот износ на вложување кај овој тип на штедење изнесува 3.000 денари, 50 евра или 50 долари и овозможува различни фиксни каматни стапки за различни периоди на орочување. На пример, за период од 36 месеци за штедење во денари нуди фиксна каматна стапка од 2%, односно 1,50%за штедење во евра и 0,50% за штедење во долари, а методот на пресметка на камата е пропорционален (28/31-365/366).

Кај овој производ не постои можност за делумно повлекување на средства пред истекот на периодот на орочување, додекакаматата може да се исплаќа месечно или на крајот на периодот на орочување, што претставува олеснителна околност.


*Пр објава