Силк Роуд Банка е прва банка со издадена при-пејд Viza кобрендирана картичка со Fintech, во цела Југоисточна Европа

Добивај вести на Viber

Од нашите скромни почетоци во 2016 година со јасна визија за иднината, многу труд и напорна работа, денес имаме големо задоволство да објавиме дека Silk Road Банка, по конкурентен процес на селекција, е официјално банката со првата издадена при-пејд Visa кобрендирана картичка со Fintech компанија, во цела Југоисточна Европа!

Ни претставува огромно задоволство што оваа награда е епилог на континуираниот фокус на Silk Road Банка да ги задоволи новите потреби на пазарот.

Благодарност до Visa за признанието и постојаната доверба како темел на нашата долгогодишна успешна соработка.

Ова е само почеток на патот да ги оствариме сите наши регионални и глобални амбиции и да ја изградиме Silk Road Банка во бренд препознатлив по иновациите и големите промени во светот на економијата и банкарството.

ПР објава