Силк Роуд Банка нуди можност за одобрување на лимит на сметка за сите клиенти физички лица на Еуростандард банка

Добивај вести на Viber

Силк Роуд Банка излегува со понуда за oдобрување на дозволено пречекорување на сметка за сите вработени или пензионери кои примале плата/пензија преку Еуростандард банка.

Со цел на надминување на потешкотиите при избор на нова банка за примање на плата или пензија, Силк Роуд Банка нуди можност за одобрување на лимит за дозволено пречекорување во висина од 1 (една) плата/пензија.

Сите клиенти, вработени, односно пензионери, кои ќе отворат сметка во Силк Роуд Банка, а кои истовремено се класифицирани во А и/или Б категорија на ризик согласно кредитен регистар на Народната банка, банката нуди одобрување на дозволено пречекорување на трансакциска сметка, кое ќе им биде на располагање на клиентите веднаш по првиот прилив на нивната новоотворена сметка во Силк Роуд Банка.

Со цел клиентите да ги стекнат привилегираните услови, задолжително е да достават потврда за редовен работен однос со висина на плата и податок дека платата се исплаќала на сметка во Еуростандард банка, односно донесат последен чек од пензија.

Покрај користење на оваа привилегирана можност, банката дополнително нуди:
бесплатна СМС услуга за првиот месец, Бесплатно електронско / мобилно банкарство за следење на состојба, како и Visa и American Express дебитни картички

 За користење на горенаведените привилегирани услови повеќе информации може да добиете во некоја од експозитурите на банката или на телефонскиот број 02/3251-900.