ЕПП // ЕПП
СИЛК РОУД БАНКА OTВОРИ ШАЛТЕР ВО ТРУБАРЕВО
Силк Роуд Банка АД Скопје ја прошири својата мрежа со отворање на нов шалтер во с. Трубарево кој денеска и официјално започна со работа.
Шалтерот на банката е лоциран на ул. Јурија бр. 1, во склоп на бензинската станица на Лукоил и станицата за технички преглед ЕПС Контролцентар.
Работното време на шалтерот е од понеделник до петок - 08:30 до 16:30 часот. Покрај започнувањето со работа на шалтеротна истата локацијадостапен е и банкомат (24/7).
Со отворањето на новиот шалтер, банката ги доближува своите услуги и производи до граѓаните и компаниите кои имаат свое живеалиште или гравитираат во овој дел на околината на градот Скопје.
За дополнителни информации околу производите и услугите на банката проверете на веб страната – www.silkroadbank.mk.