СИЛК РОУД БАНКА СО АКТИВНО УЧЕСТВО ВО КАМПАЊАТА „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС“
Вработените во Силк Роуд Банка АД Скопје по повод светскиот ден на гладта во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија земаа активно учество во кампањата „Помислете и на нас“ која се спроведува во рамки на неделата за борба против гладта, при што беа донирани прехранбени производи и финансиски средства за најранливите категории на граѓани.
Обезбедени се пакети на производи кои се наменети за социјално загрозените граѓани и семејства, кои што ќе бидат дистрибуирани од страна на Црвениот крст.
Силк Роуд Банка АД Скопје како општествено одговорна компанија секогаш се труди да излезе во пресрет и да го даде својот придонес на оние на кои што им е најпотребно со цел подобрување на нивните услови за живот, а особено сега во време кога сме соочени сите заедно со предизвиците од ковид-19 пандемијата низ целиот свет и нашата држава.
комерцијален текст