СИЛК РОУД БАНКА СО АКТИВНО УЧЕСТВО ВО КАМПАЊАТА „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС“
Сегашниот систем на храна не успева да ги задоволи потребите на речиси 2,4 милијарди луѓе - речиси една третина од нашата планета. Ова ниво на дисфункција не влијае само на сегашната популација, туку има потенцијал да ги уништи идните генерации - освен ако не работиме заедно.
Вработените во Силк Роуд Банка АД Скопје по повод светскиот Ден на гладта, во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија активно учествуваа во кампањата „Помислете и на нас“ којашто се спроведува во рамките на неделата за борба против гладта, при што беа донирани прехранбени производи и финансиски средства за најранливите категории на граѓани.
Обезбедени се пакети на производи, наменети за
социјално загрозените граѓани и семејства и истите
ќе бидат дистрибуирани од страна на Црвен крст .
Силк Роуд Банка АД Скопје како општествено
одговорна компанија секогаш се труди да им излезе во пресрет и да им помогне на
оние на кои што помошта им е најпотребна со цел подобрување на нивните услови
за живот.