Продолжуваме да даваме поддршка за сите ранливи и социјално загрозени групи и да помагаме за подобрување на нивните услови за живот.
По повод светскиот Ден на гладта, Силк Роуд Банка заедно со своите вработени и во соработка со @Црвен крст на Република Северна Македонија активно учествуваа во кампањата „Помислете и на нас“ којашто се спроведува во рамките на неделата за борба против гладта, при што беа донирани финансиски средства за најранливите категории на граѓани кои ќе бидат распределени од страна на Црвен крст онаму каде што се најпотребни.
Силк Роуд Банка, како општествено одговорна компанија секогаш се труди да им излезе во пресрет и да им помогне на оние на кои што помошта им е најпотребна.
ПР објава