Силк Роуд банка во соработка со УНДП и ИОМ нуди кредит за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност со можност за грант до 30 отсто

Добивај вести на Viber

Силк Роуд Банка во соработка со агенциите на Обиденетите Нации (ОН) во земјава (ОН Програма за Развој - УНДП и Меѓунардона Организација за Миграции ИОМ) во рамките на Заедничката програма на глобалниот фонд на ОН „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба против климатските промени во Северна Македонија“, воведе Наменски потрошувачки кредит за инвестиции на домаќинствата во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

Програмата има за цел да обезбеди поволна финансиска и техничка помош за недоволно опслужените домаќинства, во кои главен носител на приход е жена, самохрани родители, домаќинства со лица со попреченост, ромски домаќинства, повратнициод странство и приматели на трансфери на средства, давајќи им можност да инвестираат во обновливи извори на енергија и ефикасни енергетски решенија.

Дополнително преку овој кредитен продукт, кредитокорисникот има можност за поврат на еднократен грант до 30%, финансиран од УНДП и ИОМ, од направената инвестиција финансирана со кредитот, врз основа на успешност, односно по валидација на истиот од независен проценител.

Максималниот износ за кредитниот производ е 1.200.000 денари, со рок на отплата до 84 месеци, а клиентите ќе може релаксирано да инвестираат во енергетски ефикасни апарати и надградби, соларни панели или други системи за обновлива енергија, користејќи ги условите со 5.40% фиксна каматна стапка за првите две години.

Ова партнерство е пример за посветеноста на Силк Роуд Банка за подобрување на животната средина преку проекти кои треба да придонесат во намалување на емисиите на стакленички гасови и загадувањето на воздухот, а истовремено да се унапредува и одржливиот развој во Северна Македонијa.

Сите дополнителни информации во врска со овој кредитен продукт клиентите може да ги добијат на интернет страницата на банката, на телефонскиот број 02 32 51 900 или во најблиската експозитура.

ПР објава