Силк Роуд Банка воведе нова дигитална услуга – отворање на платежна сметка со дебитна картичка и ажурирање на лични податоци со електронска идентификација
Следејќи ја
динамиката и потребите на современите клиенти, Силк Роуд Банка направи уште
еден чекор во дигитализација на своите процеси со цел на клиентите да им понуди
побрзи, поедноставни и побезбедни услуги.
Банката воведе нова услуга – електронска идентификација преку апликацијата OneID, која овозможи лесен, безбеден и брз пристап до различни производи и услуги од кое било место и во секое време.
Електронската идентификација на Силк Роуд Банка е најсовремено дигитално решение со високо ниво на доверливост, со кое клиентите добиваат пристап до банкарските производи и услуги без да имаат потреба од посета на шалтер за ажурирање на податоци, отворање на платежна сметка и дигитално потпишување на договори преку апликацијата OneID.
Имплементиравме нова функционалност со која ажурирањето на личните податоци и отворање на платежна сметка со дебитна картичка преку веб-страницата на Банката ќе биде уште полесно и побрзо. Со интегрирање на услугите кои ги нуди OneID мобилната апликација, идентификувањето ќе се спроведува преку шема за електронска идентификација, а потпишувањето документи ќе се спроведува со користење на квалификуван дигитален потпис.– велат од Силк Роуд Банка.
OneID е услуга на KIBSTrust која Силк Роуд банка ја интегрираше во своите процеси, за едноставно и целосно дигитално решение, која гарантира високо ниво на безбедност и заштита на податоците на клиентите. Услугата е целосно бесплатна за сите корисници и достапна преку веб-страницата на Банката на следниот линк.
Пр објава