Силк Роуд Банка започнува со предвремена исплата на пензиите за месец август
Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите приматели
на пензија дека исплатата на пензијата за месец август ќе се врши на 26.08.2020
година (среда).
Почнувајќи од 26.08.2020 година пензиите ќе може
да се подигнат со платежна картичка од било кој банкомат на банката.
Пензионерите кои не користат дебитна картичка и кои своите пензии ги подигнуваат на благајна во банката истите ќе може да ги подигнат почнувајќи од 26.08.2020 година (среда), согласно следниов распоред направен според висината на пензијата:
-Во среда, на 26.08.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
-Во четврток, на 27.08.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
-Во понеделник, на 31.08.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
-Во вторник, на 01.09.2020 година исплата на пензии во висина над 18.001 денари.
Исто така, сите нови приматели на пензија, своите пензии ќе ги добијат на нивните новоотворени сметки во среда (26.08.2020 год.). За пензионерите кои ја добиваа својата пензија преку Еуростандард Банка и кои досега не одбрале банка преку која ќе ја примаат својата пензија ги известуваме дека ќе се врши дополнителна исплата на нивните августовски пензии во текот на месец септември и тоа на следниве датуми: 07.09.2020, 14.09.2020 и 25.09.2020 година.