Силк Роуд Банка ја предаде третата донација на Клиниката за детски болести

Добивај вести на Viber

Силк Роуд Банка АД Скопје ја предаде и третата донација на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје што произлезе од потпишаниот меморандум за соработкаминатата година, со кој банката прерасна во долгорочен партнер на Клиниката.

Третата донација, како и втората се состои од набавка на инхалатори за потребите на одделенијата во клиниката и дечињата кои престојуваат во неа.

Средствата за набавка на оваа донација во износ од 106.575,00 денари, се обезбедени на начин што со секоја трансакција со American Express картичките на Силк Роуд Банка, банката одвојува по пет денари за потребите на Клинката.

Донацијата ја поздравија и директорите на клиниката д-р Наташа Најдановска Алулоска и г-дин Ридван Ибраими кои изразија надеж дека успешната соработка ќе продолжи и во 2020 година согласно со потпишаниот меморандум за соработка.

Од страна на банката г-дин Игор Димитров член на Управниот одбор и г-ѓа Кристина Десковска директор на Секторот за население истакнаа дека банката и во наредниот период останува долгорочен партнер на клиниката и дека овој општествено одговорен проект ќе го следат и другите банки и институции во државата.

Наша донација со секоја трансакција” е општествено одговорен проект на Силк Роуд Банка АД Скопје и банката до сега за потребите на Универзитетската клиника за детски болести има донирано постелнина, креветски чаршафи, навлаки за перници и 14 инхалатори за секое одделение во клиниката.