Силување на родителската љубов - што е тоа?

Добивај вести на Viber

Децата се светост, за децата само најдоброто, и барем тие нека проживеат. 

„Цвеќе на животот, радост во куќата, не грижи се сине, тато ќе среди“- ова се зборови кои често ги слушаме. 

Штом ќе се родиш стануваш како кукла, те хранат додека не пукнеш. 

Ако се работи за девојче веќе во втората година му ставаат обетки на ушите. 

До третата година играчките не ги собира во собата. 

До десеттата година бабите или мајките спијат со своите деца. 

Но, не заборавајте на таблет, детето мора да го има, па дури и ајфон. 

Пред детето да тргне на училиште завршува периодот на кукла, и тогаш следи „поправање“ при што родителите гледаат дека нешто згрешиле. 

Детето има лош карактер, вишок килограми и не внимава. 

Потоа го водат по психолози, лекари, а на крај сето тоа завршува со реченицата „Ние за тебе сѐ, а ти за нас...“.