Силвестер Сталоне објави фотка од Црна Гора: Неговите претесни спидо гаќи дел од роденденската честитка на неговата сопруга
„Среќен роденден на мојата сопруга Џенифер! Нашите деца и јас мислиме дека си апсолутно неверојатна. Те сакаме засекогаш", објави синоќа познатиот актер, честитајќи и го 56. роденден на својата сопруга. Заедно со таа порака тој објави и неколку слики, меѓу кои и последната предизвика голем интерес.
Силвестер Сталоне (78) е во брак со Џенифер Флавин од 1997 година, со која има три ќерки, Софија, Систин и Скарлет, кои стануваат се поистакнати на јавната сцена, и преку семејното реално шоу, повеќе од активни социјални профили и преку подкастите што ги хостираат. Сталоне зад себе ги има и браковите со Брижит Нилсен и Саша Зак.
Сликата од Црна Гора е последна во низата, а на таа последна хит слика славниот Рамбо или Роки го носи некогаш популарниот спидо костим за капење кој некои мажи и денес го избираат, иако останаа во сенка на други - пошироки и подолги модели.
Веднаш штом ја виделе таа фотографија, луѓето од регионот се огласија, велејќи дека сликата е направена на Свети Стефан во Црна Гора, на што укажува и позадината на фотографијата. Тој спомен мора да бил драгоцен за славниот пар кога бил се најде како дел од роденденска честитка.
Џенифер добила бројни честитки на Инстаграм, додека спидо гаќите на нејзиниот сопруг беа покоментирани.
Сталоне и Флавин се запознале во 1988 година, кога таа имала 19, а тој 42. Тие раскинаа во 1994 година, откако тој ја изневерил со манекенката Џенис Дикинсон, која останала во блажена состојба и тврдела дека актерот е татко на нејзиното бебе, но ДНК тестот го докажал спротивното, по што Џенифер му се вратила.
Foto:officialslystallone / Instagram