Силвио Берлускони во деветата деценија цвета покрај 53 години помладата русокоса: Поради неа ја остави поранешната

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (85) не се откажува - вештините за заведување сѐ уште го служат многу добро

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (85) на социјалните мрежи се „пофали“ со врската со неговата девојка Марта Фасина (53), која е помлада, додека во тек е последната фаза од „нападот“ врз италијанското претседателство, пишува Дејли мејл.

Берлускони, навидум непоколеблив од здравствени проблеми, сексуални скандали и напредната возраст, објави фотографија на Фејсбук на која се смее и гледа во очите на својата 32-години помлада девојка Марта Фасина, пратеничка во неговата партија Форца Италија, посакувајќи и среќен роденден.


Фасцина е најновото „романтично освојување“ на Берлускони по раскинувањето на неговата претходна 12-годишна врска со Франческа Паскале во 2020 година, која како 34-годишна, во нејзините „зрели години“, едноставно не била за него.

Минатата година јавноста беше шокирана кога Берлускони ја остави својата триесет и четиригодишна девојка ни помалку ни повеќе, туку поради уште помлада.

- Засекогаш ќе ми биде драг. Му ја посакувам сета среќа на светот и се надевам дека ќе најде некој што ќе се грижи за него како мене - изјави тогаш Франческа, која италијанските медиуми ја наведуваат како виновник за раскинувањето. Имено, таа наводно постојано инсистирала Берлускони да се ожени со неа, па се чини дека таквиот став бил причина да биде оставена.


Кога Берлускони и кажал дека планира да раскинат, таа била многу изненадена од неговата одлука. Сепак, тие мирно се разделиле и Франческа останала да живее во луксузната вила што Берлускони и ја купи претходно.

Да потсетиме, врската со Фашин беше откриена кога таблоидот „Чи“ објави слики на кои се држат за рака.



Се шпекулираше дека Силвио Берлускони намерно ја „пуштил“ оваа фотографија да излезе во јавноста за, како што пишуваат италијанските медиуми, наводно да ѝ се одмазди на својата поранешна партнерка Франческа Паскале (35).


Foto: PrintscreenFejsbuk/Silvio Berlusconi

Извор: стил.курир.рс