Син или ќерка? Што ќе се роди зависи од овој фактор кај таткото!

Добивај вести на Viber

Резултатите, врз основа на анализа на податоци на речиси 600.000 луѓе, покажале дека мажот со повеќе браќа и сестри има поголема веројатност да добие син, додека маж со повеќе сестри има поголема веројатност да добие ќерка.

Полот на детето го одредува таткото, бидејќи мажите го носат одлучувачкиот „женски“ Х или „машкиот“ Y хромозом, додека јајце клетките го носат само Х-хромозомот.

Експертите дошле до заклучок дека машката линија пренесува досега неоткриен ген кој го одредува процентот на X и Y хромозомите во спермата, а се претпоставува дека овој ген се јавува во три можни варијанти.

Едната варијанта произведува претежно X хромозоми, другата главно Y, а третата носи приближно еднаков број на X и Y хромозоми.

Сепак, не го земајте ова здраво за готово. До раѓањето на бебето, ништо не е сигурно. Запомнете дека дури и ултразвучниот преглед кој може да го одреди полот уште од 18-та до 20-тата недела по зачнувањето остава можност за пет проценти грешка, па можеби е подобро да почекате со уредувањето на детската соба додека не се „сретнете“ лично со бебето.


Foto: Unsplash