Синдромот на среќна девојка е нов тренд: Еве зошто може да биде многу корисна алатка за подобро ментално здравје

Добивај вести на Viber

фото: unsplash.com

Нов тренд се појави на ТикТок и ја освои оваа платформа во првите денови од 2023 година...

Синдромот „Lucky girl“ го популаризираше Лаура Гејлеб, која на своите следбеници им го претстави својот концепт на среќа. Нејзиното видео досега го погледнале повеќе од 2,9 милиони корисници, а еден куп нејзини следбеници ѝ оставија позитивни коментари.

„Од сите луѓе што ги познавам, ми изгледа дека сум најсреќна. Постојано добивам нови неверојатни можности кои доаѓаат од никаде и мислам дека тоа најмногу е затоа што секогаш си велам на себе: Имам многу среќа и очекувам да ми се случат големи работи“. Така тоа се случува на крајот“ - изјави оваа девојка на ТикТок.






Лорен започна вистинска мала револуција. И други почнаа да снимаат вакви видеозаписи, како одговор на нејзиното, споделувајќи ги своите искуства дека оваа стратегија и начин на размислување навистина го менува животот на подобро.

Значи, „синдромот на среќна девојка“ е  збир на позитивни манифестации и афирмации за привлекување на среќа во животот. Можеме да кажеме дека многу потсетува на т.н. „закон на привлечност“, за кој зборуваше филозофот Невил Годар.

Оваа теорија нема научна основа, но се потпира на претпоставката дека ни се случува она во што веруваме. Ако постојано се плашиме и мислиме дека нешто негативно ќе ни се случи, тогаш тоа навистина се случува. Но, ако размислуваме и зборуваме позитивно, среќата ќе дојде во нашиот живот.

Но, зошто ни изгледа дека примената на техниките на „синдромот на среќна девојка“ може да го подобри нашето ментално здравје, но и самодовербата?

За почеток, мора да ве предупредиме дека мора да бидете реални. Не можете да си кажете: „Ќе добијам позитивна оценка на тестот“ и навистина да го очекувате тоа, ако не сте ја ни допреле книгата. Едноставно: „Нема да се случи“. Меѓутоа, ако сте се подготвувале за испитот, редовно сте учеле, тогаш повторувањето на позитивните афирмации ќе ве смири и ќе ве поттикне навистина да го напишете тестот што е можно подобро.

Исто така, можете да ја тестирате оваа теорија од ТикТок и секое утро да си повторувате неколку позитивни мисли, како што се: „Се сакам таква каква што сум“, „Среќата е избор, а денес избирам да бидам среќен“, „Горда сум на себе“, „Верувам во себе“ и слично.

Како што помага љубезноста кога разговарате со други луѓе, така научете да бидете љубезни и кон себе. Немојте да се заботирате со црни мисли, туку верувајте во своите способности.

Позитивните афирмации нема да ви го променат животот преку ноќ, но можат да ви ја зголемат самодовербата и да ви помогнат да водите посреќен живот.


Извор: zena.blic.rs