Синот на покојниот Екрем Јевриќ е опасен фраер: Работи и живее во Америка, и не се експонира во јавноста (ФОТО)
Екрем Јевриќ почина во 2016 година, а многумина се уште се сеќаваат на хумористичната песна „Kuća pos'o“, како и неговите урнебесни изјави во реалното шоу „Фарма“.
Јевриќ своевремено се прослави со песната „Kuća pos'o, pos'o kuća“, која за кратко време стана вистинска сензација на интернет. После тоа, во 2010 година, влезе во „Фарма“, каде дополнително ја зголеми својата популарност.
Тој живееше со семејството во Њујорк, а во 2016 година починал од срцев удар додека бил на работа.
Беше во брак со Игбала Јевриќ, со која има четири сина: Енис, Вердин, Хајрудин и Берат.
Вердин е многу популарен на социјалните мрежи, а живее во Њујорк и е вработен во тамошната безбедносна служба.
Многу девојки му фрлиле око, а нема сомнеж дека тоа е поради неговиот атрактивен изглед.
Тој не се експонира во јавноста и живее позатскриен живот, како и остатокот од неговото семејство по смртта на татко му.
ФОТО: Инстаграм принтскрин