Сите детали од гала свадбата на Ѓорѓе Ѓоковиќ: Прославата траеше до рани зори, Новак главен на микрофон

Добивај вести на Viber

По венчавката во црквата Свети Марко во Белград, на црногорското приморје се одржа гала венчавката на Ѓорѓе Ѓоковиќ, помалиот брат на познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Сашка Веселинов, која на венчавката го зеде презимето на нејзиниот сопруг.

Ѓорѓе Ѓоковиќ и Сашка Ѓоковиќ очекувано беа највозбудени на гала прославата која траеше до утринските часови.

Ѓорѓе цела вечер наздравуваше со гостите и не ја симнуваше насмевката од лицето, додека ги пееше песните кои музичарите ги изведуваа за гостите и младенците. За микрофонот сефати и најстариот брат на Ѓоковиќ.

Сергеј Ќетковиќ, Жељко Самарџиќ и Александра Пријовиќ дадоа сè од себе за да направат незаборавна забава. 

Извор: www.telegraf.rs