Сите информации на едно место: Продажниот салон на „Гранд Скопје“ единствен од ваков тип во земјава

Добивај вести на Viber

Доколку сте во потрага по нов дом и својата иднина ја гледате на најдобрата локација во Скопје, на располагање имате одлична можност – посета на продажниот салон на „Гранд Скопје“  каде, пред да се одлучите за купување нов дом, на едно место ќе ги добиете  сите корисни и потребни информации поврзани со комплексот „Гранд Скопје“.

Лоциран на првиот кат во Градскиот трговски центар продажниот салон, односно Showroom на „Гранд Скопје“ е единствен од овој тип во земјава и ќе ви овозможи одблизу да се запознаете со деталите во врска со објектите што се градат во рамки на комплексот, кој никнува спроти хотелот „Холидеј Ин“.

Продажниот салон започна со работа пред 4 месеци и од самиот почеток има значаен број посетители од различни профили кои се интересираат за домување и работа на најатрактивната локација во Скопје, а, пак, персоналот од овој Showroom вели дека интересот за домување во „Гранд Ривер“ е навистина голем.

„Имаме голем број на посетители во продажниот салон, можеме да кажеме дека локацијата е дефинитивно една од главните причини поради која заинтересираните граѓани доаѓаат да го посетат нашиот продажен салон и, секако, неповторливиот поглед кој нашиот објект „Гранд Ривер“ го нуди“ – велат вработените во продажниот салон на „Гранд Скопје“.

Заинтересирани да бидат дел од „Гранд“ приказната се деловни луѓе, кои својот бизнис сакаат да го градат во срцето на Скопје, семејства со деца кои ја ценат близината до сите погодности што ги нуди  локацијата на „Гранд Ривер“, самци кои сакаат динамичен живот, како и млади парови кои се заинтересирани за урбано домување во центарот на случувањата.

Но, што сè можат да дознаат потенцијалните купувачи во овој продажен салон и со какви придобивки може да се здобијат?

1.Сите информации за становите

Од љубезните вработени, како преку разговор така и преку визуелен приказ, ќе ги добиете сите информации за кои сте заинтересирани, почнувајќи од бројот на станови, нивната квадратура, ориентацијата на становите, кои станови се најмногу барани и зошто, кои материјали за градба се употребувани, каков пристап и паркинг решение е предвидено во рамки на комплексот, како и информација за дополнителните содржини во рамки на комплексот итн.

Така, без да лутате и да проверувате на интернет на едно место можете да се информирате за сите детали кои за вас ќе претставуваат можеби и одлучувачки фактор при купување на вашиот нов дом.

2. Визуелна презентација

Продажниот салон на „Гранд Скопје“ нуди единствена можност преку интересна визуелна презентација да го погледнете и можното внатрешно уредување на становите, но и опкружувањето кое „утре“ ќе биде во ваша непосредна близина, како близина на модерна шопинг галерија во централниот дел на комплексот, урбан парк,  простор за одмор и релаксација како составен дел од комплексот итн.

3.Информации во врска со цените и условите

Знаеме дека во индустријата на недвижности цените не секогаш се фиксни, односно цената по квадратен метар е често детерминирана од самите карактеристики на станот за кој сте заинтересирани. Оттука, станови со иста или слична квадратура можат да имаат различни цени зависно од нивната ориентација, внатрешниот распоред итн., па по деталната презентација на становите  персоналот во продажниот салон - ќе ве воведе и во ценовната политика и условите за плаќање.

4.Пресметка на кредитни пакети

Во продажниот салон на „Гранд Скопје“ е достапна  единствена можност за купување  недвижности со  кредит од банките партнери на инвеститорот на комплексот МФ Фешн. На лице место ќе бидете запознаени со поволностите што ги нудат банките, доколку сакате вашиот дом да го стекнете преку наменски кредит. Исто така, со посета на салонот голема е веројатноста да бидете запознаени и со одредени промоции или, пак, да добиете персонализирана понуда, скроена токму за вас и за вашите потреби.

5.Информации за текот на градбата

Во продажниот салон можете да се информирате и за сите фази на изградба на комплексот, да добиете реална проценка на потребното време за изградба, но и редовно да се информирате во врска со целиот прогрес на градба.

Персоналот, а впрочем и инвеститорот, е должен да ве информира за фазите, така што со потпишување на купопродажниот договор  вам ви е гарантирано навремено информирање за целиот процес.

Сепак, стан не се купува секој ден и инвестицијата во нов дом е инвестиција која е трајна и која на долг рок повеќекратно се исплаќа. Затоа, она што е навистина пресудно, пред сè, е да се направи вистинската одлука при купување нов дом, а доколку вашата одлука е стан во „Гранд Ривер“ местото каде треба да се обратите е продажниот салон на „Гранд Скопје“.

Продажниот салон кој се наоѓа на првиот кат во ГТЦ, во близина на киното „Милениум“  можете да го посетите секој работен ден од 08 до 18 часот или, пак, да се јавите на 070-355-351 и 070-233-055 и да закажете состанок во термин кој вам ви одговара.


ПР објава