Сите ја јадеме: Оваа намирница е клучна за среќен живот

Добивај вести на Viber

Научници од Универзитетот во Копенхаген пронајдоа намирница за која велат дека клучна за среќата на секој човек. Според нив, ако секој ден косумираме масно сирење, ќе бидеме поздрави но и посреќни. 

Консумирањето на масно сирење е добро за здраво срце, но и за слабеење.

Истражувањето кое го спровеле научниците траело три месеци. Во него учествувале околу 150 лица. Третина од нив секој ден консумирале по 80 грама масно сирење, другa третина земала по 80 грама обезмастено сирење.

Според добиените резултати, кај оние кои јаделе масно сирење дошло до промена во нивото на холестеролот, им се намалил крвниот притисок и обемот на половината.

Иако нивото на холестеролот кај испитаниците од сите групи останало исто во просек, кај лицата кои консумирале масно сирење забележан е пораст на нивото на „добар“ холестерол. Сирењето исто така, според истражувањата во Данска, спречува таложење на масти во црниот дроб, придонесува во подобро спиење, подобро расположение, и полесно слабеење.