СИТЕ КОИ ПРИМИЛЕ СИНОФАРМ И ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД 50 ГОДИНИ - под итно да побараат и трета доза фајзер, советува српски лекар

Добивај вести на Viber

Пука имунитетот кај постарите луѓе кои примале Синофарм на почетокот на вакцинацијата во Србија и тие итно треба повторно да се вакцинираат. Неопходно е тие да се заштитат, да циркулираат што е можно помалку додека не ја добијат таа трета доза, вели заменик -директорот на клиничкиот центар во Ниш, Радмило Јанковиќ.

„Моја препорака е оние кои примале Синофарм, особено оние постари од 50 години, да ја сменат вакцината и да примаат Фајзер“, советува Јанковиќ, пренесува Нова.рс.

Сепак, тој додава дека секоја комбинација на вакцини е безбедна.

Во болницата во Крушевац, околу 70 проценти се невакцинирани и многу млади луѓе со тешка клиничка слика.

Детали читајте на Фактор тука.