Сите очи вперени кон Тамара: Како настанаa нејзините најголеми хитови?

Добивај вести на Viber

„БРОД ШТО ТОНЕ“ 

Балада која Тамара ја отпеа на „Скопски фестивал“ во 2014 година и го освои второто место. Музиката е на докажаниот автор и продуцент Роберт Билбилов кој ги напиша и стиховите заедно со младата писателка Ксенија Николова.

- Песната се случи случајно, затоа и можеби беше толку вистинско. Излезе наеднаш, со целата сила и целата моќ на иснпирацијата. Се надевам дека ќе ми се случат уште многу такви моменти во животот - изјави во една прилика Николова.

Видеозаписот е дело на „Гориа филмс“, се снимаше на главната сцена во МНТ, а впечатливата кореографија на танчарите ја осмисли Олга Панго. 


„ТАЖНА ЉУБОВ, СРЕЌНА ПЕСНА“ 

Единствениот вистински хит во поновата историја на некогаш реномираниот штипски фестивал. Тамара ја отпеа на „Макфест 2014“ и не победи. Стиховите ги потпиша Игор Џамбазов, а музиката и аранжманот се дело на Роберт Билбилов. Токму тој во една прилика изјави дека таа композиција стилски најмалку го отсликува како уметник и призна дека ја работел дури пет месеци. 

- И кога не работев бев опседнат со неа. Мислев и ги барав идеалните решенија, ја давав мојата тага и среќа, сакав конечно да направам нешто што одамна си го посакувам, а тоа е хит на деценијата – рече Билбилов. 

По реакцијата на публиката, очигледно успеа во намерата.