СИТЕ СМЕ ТЕШКО ПОГОДЕНИ ОД СМРТТА НА МЛАДИТЕ ПАЦИЕНТИ: 38-годишниот немал никакви претходни заболувања, детално од Клиничка болница Штип
Во Клиничката болница-Штип, односно во тамошниот ковид-центар починаа двајца млади пациенти. 35-годишниот е од Берово, а 38-годишниот е од Штип, соопштија за Фактор, портпаролката Марина Шуманска, како и лекарите од Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип. Велат дека сите во болницата се многу тешко погодени од смртта на младите пациенти и дека направиле максимални напори да им ги спасат животите.
-35-годишниот пациент од Берово е целосно вакциниран уште во август со Синовак. Кај нас е примен на 4.ноември, а позитивен на вирусот е од 1.ноември. Донесен е во исклучитлно тешка состојба, со многу отежнато дишење, односно со многу ниска сатурација. Пациентот беше со даунов синдром и имаше прекумерна тежина, обезитас, што го става во категоријата ранливи пациенти. Другиот млад човек кој не се извори со болеста е нашиот 38-годишниот сограѓанин, кој немаше претходни коморбидитети и кој исто така беше целосно вакциниран од август со Синовак. Примен е на 28.октомври, и неговата состојба се подобруваше, но за жал вчера оддеднаш настанаа компликации, пациентот направи пулмонална тромбемболија, велат за Фактор од Инфективното одделение во Клиничката болница-Штип.