Сите во супермодерни тоалети, а таа? Џулија Робертс се појави во комбинација која ги руши правилата, сјае, убава како никогаш досега! (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Таа е позната по тоа дека сака да прекршува правила

И овој пат Џулија Робертс докажа дека и да носи наједноставна комбинација на облека, може да ги засени сите присутни.

Канскиот фестивал и оваа година беше центар на модните случувања, а најпопуларните убавици се потрудија да ги донесат најдобрите комбинации на облека до кои успеаја да стигнат.

И додека останатите девојки продефилираа во раскошни и уникатни фустани на црвениот тепих, Џулија Роберт се одлучи за сведена црна комбинација, сако и панталони. И во најмала рака, одлично ѝ прилега.

За да го разбие црното, на вратот носеше скапо ланче, направено од најфини дијаманти и црни сандали со високи потпетици.

Нејзината прекрасна кадрава коса ја направи актерката да изгледа како девојка од бајка, а она што беше највпечатливо е тоа што не ја симна насмевката од лицето.

Погледнете како беше облечена Јулија во галеријата што следи



View this post on Instagram

A post shared by Francisco Campelo (@colunadocampellooficial)



View this post on Instagram

A post shared by Marco Antonio de Biaggi (@mbiaggi)



фото: инстаграм


Каков раскош: Најубавата жена на светот го фрли на колена Кан со фустан кој зборува илјада јазици + најубавите модни изданија на фестивалот