Сите заслужуваат шанса на овој свет: На Шенон Доерти ѝ се врати ракот на дојка
На светскиот ден на борбата против рак на дојка,
омилената глумица на многумина и херој од детството Шенон Доерти или познатата
Бренда од безвременската серија „Беверли Хилс“, објави дека ракот ѝ е вратен и
тоа во 4-ти стадиум.
Низ солзи глумицата во утринско шоу ѝ соопшти на јавноста дека повторно се бори со болеста.
Во 2015 година за прв пат на Шенон ѝ беше дијагностициран рак на дојка.
Таа сподели дека се прашувала многупати зошто баш токму неа ѝ се случува тоа, зошто баш таа, но, пред се’ истакна дека најмногу се плаши за нејзината мајка и сопругот.
48-годишната актерка од моментот на дијагнозата до денес јавно зборува за болеста и предизвиците и проблемите со кои се соочила.
Шенон во неколку наврати изјави дека има конзервативно мислење и дека е Републиканка. Дека ги подржува политиките на партијата и дека сака современи Соединети Американски Држави.
Во една нејзина изјава таа ќе рече: „Јас сум од југот, одам во Баптистичка црква, имам конзервативно мислење и сум Републиканка“
Во продолжение уште неколку нејзини изјави кои повеќе или помалку допреа до фановите кои ја следат:
„Не мислам дека треба да ги правите работите во вашиот живот различно, само затоа што вие сте актер“
„Детето во мене се’ уште не е уништено“
„Мора да продолжите да верувате во себе“
„Сите заслужуваат шанса на овој свет. Тоа во основа и јас го барам“
Ракот на дојка на светско ниво е најчест кај жените. Лекарите редовно апелираат да се прават редовни контроли кај своите матични лекари, или да се прави самоконтрола за да може рано да се дијагностицира и излечи оваа болест. Но и покрај напорите што се прават за да се постигне рана детекција и ефективен третман, околу 20% од пациентите со рак на дојката умираат од оваа болест.