СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк организира Отворен ден за бесплатни семинари во Скопје
СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јоркорганизира отворен ден за бесплатни семинари што ќе се одржи на 18 мај во Public Room во Скопје во период од 11.00 до 15.00 часот. Семинарите ќе бидат на три теми, Бизнис, администрација и економија, Психологија и Компјутерски науки.
Говорниците на семинарите доаѓаат од СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк. Крис Лиасидис, вонреден професор на Катедрата за бизнис администрација и економија, ќе одржи семинар на тема „Примарни и селективни маркетинг стратегии за одржлив раст“. На овој семинар ќе се објаснат стратегиите што корпорациите ги прифаќаат во нивните напори да растат, да продаваат повеќе и да продолжат со нивните тактики за одржливост.
Василис Шацибирос, доцент, академски директор на програми за додипломски студии на Катедрата за психологија ќе говори на тема „Отпорност во време на криза: Како да се искористат социјалните и психолошките ресурси“. Семинарот ќе се фокусира на тоа зошто реагираме поинаку на стресот и кризите, како и на психолошките и социјалните фактори кои ни помагаат да создадеме и ја зајакнеме отпорноста.
Семинарот на д-р Димитрис Дранидис, вонреден професор, раководител на Катедрата за компјутерски науки на тема „Агилни методи за развој на софтвер: Како да управувате со постојани и брзи промени во ИТ проектите“ ќе се осврне и ќе истакне некои од клучните карактеристики на овие агилни методи, како што се SCRUM и Extreme Programming.
Во рамките на Отворениот ден, учесниците ќе имаат можност да се сретнат и со директорот за регрутација на студенти, Грегори Дикаиос и да дознаат повеќе информации за програмите за додипломски и постдипломски студии што се нудат на СИТИ Колеџ - Европскиот Кампус во Солун и онлајн.
Повеќе информации за апликација на бесплатните семинари се достапни на линкот.
ПР објава