Ситонија, јахта, море и љубената која наскоро ќе биде мајка: Бока Конга знае како да живее
Бока Конга или Бојан Стојанов знае да ужива во животот. Наскоро ќе се оствари во улогата на татко, убава вест која неодамна ја откри со следбениците на социјалните мрежи.
Деновиве Бока и неговата љубена Маја се разладуваат во грчкото море, на плажите во Ситонија кои секоја сама по себе раскажуваат приказна.
Примамливиот бел песок, кристално бистрата и тиркизна вода, како и пријатната атмосфера за опуштање дефинитивно „го купиле“ Бока да одлучи таму летово да избега од топлиот бран.
Преку Инстаграм приказните гледаме како згодниот Бока го покажува мускулестото тело, а покажа и како му се насладува на животот уживајќи на јахта.
Иаку Бока, не баш премногу зборува за приватниот живот во јавноста. За себе вели дека е човек со две лица. Додека настапува и ја забавува публиката е Бока Конга, после тоа е Бојан мирен, искрен, скромен.
ФОТО: Инстаграм