Скандал во семејството на Мараја Кери: Нејзината постара сестра поднесе тужба против мајка имра сестра поднесе тужба против мајка им
Обвинение за кое зборува цел Холивуд!
Постарата сестра на познатата пејачка Мараја Кери, Алисон поднесе тужба против нивната мајка Патрисија поради наводна сексуална злоупотреба.
Како што пренесува „The Sun“, Алисон тврди дека мајка и ја присилувала на сексуални односи со непознати мажи кога имала само 10 години, како и дека ја приморувала да присуствува на сатанистички обреди.
„Ритуалот се одвиваше околу 2 и 4 часот наутро, а на него присуствуваа и возрасни и деца. Не се одржуваше секоја недела, туку само на одредени датуми. Сите носевме црни капи и шетавме од едниот до другиот крај на просторијата.Кога ќе започнеше ритуалот, тие зборуваа на странски јазик. Мислам дека беше латински.“ - се присетува Алисон.
„Обвинетата која е воедно и мајка на оштетената се терети за охрабрување на машки личности, чиј идентитет е непознат, на сексуален чин со оштетената, која во тој период била стара 10 години. Таа исто така била присилена да присуствува на сексуални односи помеѓу возрасни, а неретко и деца за време на сатанистичките обреди, кои вклучувале и жртвување. Како резултат на тоа на оштетената и е дијагностицирано посттрауматско пореметување, анорексија и депресија. Во обидот да ги потисне сеќавањата на немилите настани, оштетената користела дозволени и недозволени супстанци, со стручна помош. Оштетената бара парична надокнада за неопсливата психичка и психолошка болка, како и намерно нанесување на сериозни емотивни стресови“ - се наведува во тужбата.
Сестрите Мараја и Алисон не се во добри односи уште од 90 - тите, а Алисон уште порано признала дека се занимава со проституција за да заработи. Некои пријатели на Мараја сметаат дека сестра и со оваа тужба сака да извлече уште пари од семејството.
Меѓутоа, ова не е првпат Алисон јавно да зборува за ова. Уште во 2018 година во едно интервју го опишуваше сотонистичкиот обред на кој присуствувала како дете.
Ниту Мараја, ниту нејзината мајка не проговорија на оваа тема.