Скандали, врски со мажи, дрога : Почина актерот кој долго време беше славен поради неговата убавина, Хелмут Бергер

Добивај вести на Viber

Австрискиот актер, полиглот, долго време славен по својата убавина, познат по улогите во филмовите на Висконти „Самрак на боговите“ од 1969 година и „Лудвиг“ (1973 година), Хелмут Бергер почина на 78 години. Тој ја играше и познатата улога на принцот од Баварија заедно со актерката Роми Шнајдер.

Бергер често играше улоги на аристократи, како во „Градина на Финци-Контин“ во 1970 година, во режија на Виторио де Сика. Во филмот „Велики транспорт“ во режија на Вељко Булајиќ во 1983 година ја играше улогата на полковник Гласендорф.

Имаше долга љубовна врска со Висконти до неговата смрт во 1976 година.

Хелмут Бергер беше европска филмска ѕвезда во 60-тите и 70-тите години, но целиот негов живот беше проследен скандали, дрога, обиди за самоубиство, бурни врски...

Својата автобиографија ја објави во 1998 година под наслов „Ич“ (I) во која вклучи поглавја како „Во кревет со Мик Џегер“ и слично.

Подоцна играше улога во филмот „Кум 3“ (1990) и неодамна во филмот „Сен Лоран“ во режија на Бертранд Бонел, во кој го отелотвори остарениот моден дизајнер Ив Сен Лоран.


Фото:wikipedia/Gettyimages