Скопје ќе биде тропски град на еден ден!
Најголемата тропска журка и шопинг во градот ве очекува во петок на 28 јуни во Скопје Сити Мол! Late Night Shopping до полноќ и попустите што ги чекавте цела година!
Оваа година, Скопје Сити Мол организира тематска забава за големиот и традиционален шопинг-настан Late Night Shopping. На барем еден ден, сите посетители ќе може да го почувствуваат вајбот на топлото Хаваи и да искусат дел од тропската атмосфера.
Воедно, како дел од богатата забавна програма, во 21 часот ќе настапи и познатата македонска ѕвезда Лозано со голем вечерен концерт, а за загревање на атмосферата ќе се погрижи Васил Ангелов и неговиот бенд веќе од 20 часот.
Вистински хит меѓу посетителите се очекува да биде тропскиот АLOHA коктел-бар, каде што докажани коктел-мајстори ќе подготвуваат освежителни хавајски коктели. Сите посетители што ќе направат сметка над 2 000 денари ќе добијат гратис алкохолен или безалкохолен коктел.
За да се одржи журката на максимум до самиот крај, ќе бидат задолжени 4 диџеи, кои на две локации низ молот ќе пуштаат одлична музика, а како дополнително изненадување се и настапите на два акустични бенда.
Посебна „оаза на релаксација“ е подготвена за оние што ќе се заморат од шопингот, каде што ќе им биде понудена тропска масажа. Валутата за масажа е една сметка над 3 000 денари, за чија замена добивате третман во ова катче за масажа.
За големите инстаграм и фотофанатици имаме уште една супер вест - освен тропски декорираниот мол, ќе можете да ги направите и најдобрите фотографии на забавниот photo booth 360.
Изненадувањата не завршуваат тука, бидејќи и сите оние што нема да можат да го посетат големиот настан, сепак ќе уживаат во фантастичните зделки и понуди, бидејќи попустите ќе траат дури до 30 јуни!
За продолжена забава и уште повеќе музика, сите корисници на апликацијата Мој Сити Мол ќе бидат во игра за карти за концерите на Grace Jones и Lenny Kravitz во Скопје. Доделувањето на картите ќе се одвива во вид на поен игра со извлекување на апликацијата за лојалност Мој Сити Мол.
Облечете ја својата тропска кошула, направете си план што ќе шопингувате и повелете на журка и коктели на 28 јуни во Скопје Сити Мол!
пр објава