,

Скопје Мериот хотел ги изгасна светлата како дел од иницијативата Earth Hour

Добивај вести на Viber

Скопје Мериот хотел и оваа година, во знак на поддршка на глобалната иницијатива Часот на Земјата беше дел од настанот и со тоа даде придонес во подобрување на климата и биодиверзитетот. На 24-ти март (сабота), хотелот ги изгаси надворешните светла во период од 60 минути и ги поттикна своите гости да го направат истото во гостинските соби, додека пак, Дистрикт бар и ресторан организираше романтична вечера на свеќи.


Почнувајќи како симболичен настан во Сиднеј во 2007 година, Часот на Земјата денес е најголемото светско движење за животната средина,акција која обединува над 7000 градови и 162 земји ширум светот, инспирирајќи милиони луѓе и институции од целиот свет да преземат акција за нашата планета и природа.