Скопје Сити Мол докажува како може безбедно да се пазарува во голем трговски центар

Добивај вести на Viber

Повеќе обезбедување, средства за дезинфекција, утврдени правила за движење и за одржување растојание. Речиси еден и пол месец откако почна со работа, трговскиот центар Скопје Сити Мол функционира на различен начин, но со безбедносни протоколи кои гарантираат сигурност за посетителите, но и за вработените во сите објекти на трговскиот центар.


Пандемијата на Ковид-19 донесе многу промени во однесувањето на луѓето, но и во организирањето на работата на компаниите во повеќе дејности. Трговските центри во земјава се отворија по 15 мај по одлуката да се олабават дел од рестрикциите кои ги предлагаше Комисијата за зарзни болести и Владата. Од тогаш граѓаните практикуваат нов тип пазарување во омилените продавници.


Скопје Сити Мол комплетно се прилагоди на новите околности и во најголемиот затворен трговски центар во државата практично се функционира по правилата кои гарантираат безбедност, вооедно беше и сертифициран од организацијата ‘’Safe Shopping Centers’’ како безбедна дестинација која ги имплементира сите мерки на претпазливсот во својот објект.Ангажирано е поголемо обезбедување, но и спроведување на мерките за безбедност.  На паркинг просторот  има ограничување на бројот на возила кои можат да пристапат во исто време.  


Поставени се диспанзери за дезинфекција на рацете на влезовите и во молот, но и во одделот за храна и тоалетите. Во секоја продавница посебно дополнително има средства за дезинфецирање на рацете. Од мерките кои гарантираат безбедност и заштита, во Скопје Сити Мол пропишани се правила за чекање ред на означени полиња, односно чекање ред за влез во продавници на два метри. Граѓаните кои влегуваат и кои сакаат да купат нешто тоа го прават без пробување на алиштата што е строго забрането. Во Скопје Сити Мол се заменува постоечкиот воздух со свеж воздух, односно има дотур на свеж воздух од повеќе места во трговскиот центар.


Без турканици во чиста и дезинфецирана средина посетителите сведочат дека немаат проблем и не се грижат кога се во Сити мол.  Во меѓувреме реновирани се и тоалетите каде исто така се почитуваат парвила за препорачано растојание.


Граѓаните постепено се повеќе и се почесто доаѓаат во трговскиот центар, а според нив во Сити мол, многу повеќе од каде било се внимава на безбедноста, сигурноста и правилата кои гарантираат заштита од ширењето на Ковид-19.


Со сите овие мерки, единствено останува прашањето зошто имаше посебни мерки за продавниците во затворените трговски центри, каде не беше дозволено да се пробуваат алишта, беа приморани да работат со скратено време и главниот шопинг ден недела се затворени, додека истото не важи за отворените трговски центри и продавниците низ цела држава каде што е дозволено да се пробуваат алишта и каде што работеа и во неделите.