Скоро две години го криеја полот на детето: Рајан Рејнолдс конечно откри детали за најмладиот член на семејството

Добивај вести на Viber

Актерот Рајан Рејнолдс на премиерата на новиот дел од „Deadpool“, излезе на сцената за да им се заблагодари на сопругата Блејк (36) и нивните деца откривајќи го името на најмалото дете што го добија тој и неговата сопруга пред 16 месеци.

Откри дека нивното четврто дете се вика Олин, што има нордиско потекло и значи наследник. Тие исто така имаат и три ќерки - деветгодишната Џејмс, седумгодишната Инез и Бети (четири).

- Сакам да започнам со заблагодарување на мојата сопруга Блејк која е тука. Сакам да им се заблагодарам и на моите деца Џејмс, Инез, Бети, Олин, кои исто така се тука – истакнал Рајан, а пренесе Варајети.  

Конечно славните сопружници го открија и полот на најмалото дете. За време на разговорот со основачот на Walking4Hope, Џон Бел, Рајан сподели дека станал татко на момче.

Потсетуваме, актерот Рајан Рејнолдс (44) и актерката Блејк Лајвли (33) се запознале во 2010 година, за време на снимањето на филмот „Green Lantern“, а врската ја започнале дури во октомври 2011 година. Судбоносното „да“ го кажаа во 2012 година.


Фото: Youtube - screenshoot