Слабеам зашто ќе полнам 50 години: Режимот на Тони Цетински

Пред еден месец, пејачот Тони Цетински ги најави своите цели за кои рече дека ќе ги исполни пред да наполни 50 години. За тпортал.хр, неговиот личен тренер раскажал на кој начин Тони драстично успеал да ги намали килограмите.

По само две недели тренинзи со Маријо Млинариќ, тој е шест килограми полесен, а судејќи по последната фотографија на Инстаграм, овој резултат се докажува. 

„Тони одлично напредува, но не одевме на никаква диета туку на раздвижување на масното ткиво и јакнење на мускулите. Симна околу 13 килограми. Правиме кардио вежби и вежби за сила и за издржливост. Не вежбаме редовно поради неговите музички ангажмани, но многу сум задоволен“, изјави Марио Млинариќ, тренерот на пејачот.

Тони со новата линија се пофали на Инстаграм откако ја доби наградата „Оливер Драгојевиќ“ за најдобар пејач 

Цетински изјави дека неговата „интимна граница“ за доведување во фит состојба е 31 мај. „Тогаш полнам 50 години, и потоа здравиот живот ќе ми стане навика“, изјави Цетински. 

Фото: Душко Јарамаз, Пиксел