Слобода Мичаловиќ ужива во зимска идила, а ова познато момче е со неа: Актерката се огласи од планина и покажа како го поминува времето

Добивај вести на Viber

Актерката Слобода Мичаловиќ моментално е на одмор со сопругот и колегата Војин Ќетковиќ, а очигледно со нив на одмор е и актерот Вук Костиќ.

Во објавата од планината покриена со снег, Слобода покрај зимската идила покажа и како го поминува времето со сопругот и пријателите, а судејќи по фотографијата на која позира на четирицикл, го изгубиле од вид колегата Вук Костиќ.

„Каде е Вук“, стои во описот на фотографијата на Слобода на Инстаграм каде го „обележила“ колегата и пријател, а во позадина се гледаат нејзиниот сопруг и актер Војин Ќетковиќ и уште еден член на нивното друштво.

Да потсетиме, Слобода неодамна изјави дека не ја сака зимата, а ги откри и причините.

- Јас сум летно дете, не сакам зима, не излегувам од дома, освен ако не морам. Но, јас сакам снег, тогаш сè ми е некако романтично, се надевам дека ќе ни дојде оваа година -изјавила актерката за „Блиц“.

Фото: Инстаграм
Извор: Kurir.rs