Случајот со тимскиот лекар кој со години сексуално вознемирил над 500 гимнастичарки, конечно доби епилог

Еден од најголемите случаи на сексуално вознемирување во светот, од страна на тимскиот лекар Лоренс Лери Насер, конечно доби епилог.

Договорот меѓу Гимнастичката федерација на САД и Олимпискиот и параолимпискиот комитет на САД ќе обезбеди компензација за повеќе од 500 девојки и жени кои преживеале некаков вид на злоупотреба додека се занимавале со овој спорт.

Стотици гимнастичарки кои биле сексуално злоставувани од Лоренс Лери Насар, поранешен доктор на националниот тим за гимнастика, се согласиле на спогодба од 380 милиони долари,  во еден од најголемите случаи на злоупотреба во историјата на спортот.

Спогодбата, откриена во понеделникот, е една од најголемите кога станува збор за случаи на сексуална злоупотреба. Средствата треба да одат за повеќе од 500 гимнастичари, вклучувајќи ги и шампионките како Сајмон Бајлс, Мекејл Марони и Али Рајсман, кои беа жртви на Насар или некој друг во светот на гимнастиката.

„Ниту една сума пари нема да ја поправи направената штета и сето она низ што поминаа овие жени. Но, во одреден момент, преговорите мора да завршат бидејќи на овие жени им треба помош и им треба токму сега“, рече Рејчел Денхоландер, една од жртвите на Насар, вклучени во преговорите за решавање.

Многу од жртвите на Насар со години чекаа некаков вид компензација за да ги покријат трошоците за скапиот третман за ментално здравје, додаде Денхоландер. Гимнастичарките се бореа со анксиозност, депресија и посттрауматско стресно растројство, а некои од девојките се обидоа и да си го одземат животот.

Случајот Насар ја вознемири јавноста во Америка, но и во цел свет, не само поради тежината на злосторството, туку и го привлече вниманието на ранливоста на младите спортисти во гимнастиката и другите спортови, откривајќи дека организациите не успеваат да ги заштитат своите спортисти и да обезбедат безбедни услови. По многубројните расправи во Конгресот за ова прашање, законот кој ги штити олимписките спортисти е зајакнат. Целиот случај фрли светлина врз улогата на ФБИ, овозможувајќи му на Насар да злоупотребува пациенти, дури и откако беа поднесени извештаи за неговото насилно однесување.

Да потсетиме, во септември оваа година, споменатите Бајлс, Марони, Рајсман и поранешната репрезентативка Меги Николс сведочеа пред Конгресот за Насар, но и за фактот дека ФБИ замижуваше пред нивните сведоштва и извештаи.

Мекејл Марони на суд огорчено и со солзи во очите зборуваше за неправдата со која се соочила кога го пријавила својот случај во 2015 година.

„Откако му ја кажав на ФБИ целата моја приказна за злоупотреба во летото 2015 година, не само што ФБИ не извести дека сум малтретирана, туку кога конечно го документираа извештајот 17 месеци подоцна, тие изнесоа целосно лажни тврдења за тоа што реков. Уморна сум да чекам луѓето да ја направат вистинската работа, бидејќи моето искуство беше доволно и заслужуваме правда“, рече таа во септември, а потоа се присети на горчливите детали.

„Раскажав дека Лари Насар најпрво ми рече да се пресоблечам во бели шорцеви без долна облека, бидејќи му олеснува да работи по мерка, а за неколку минути неговите прсти беа во мене“, рече таа и продолжи со конкретни детали за злоупотребата на Насер, која еднаш ја сподели со ФБИ. Тука спаѓа и случајот кога ѝ дал апче за спиење, а потоа таа била „гола додека тој бил на неа и ја малтретирал со часови“.

Почнав да плачам од таквите спомени преку телефон, а од другата страна само мртва тишина. Бев толку шокирана од молкот на агентот на ФБИ и занемарувањето на мојата траума. По таа минута молчење, тој праша: „Дали е тоа сè?“ Тие зборови сами по себе беа еден од најлошите моменти во целиот овој процес... да се минимизира злоупотребата и да се игнорира од страна на луѓето кои требаше да ме заштитат“, објасни гимнастичарката како изгледало нејзиното искуство.

Сајмон Бајлс, исто така, ги повика агентите, кои не направиле ништо повеќе од една година по пријавувањето на злоупотребата, да се соочат со федералното обвинителство бидејќи му овозможиле на сексуалниот предатор да продолжи да напаѓа десетици млади жртви.

„Да бидам јасна, го обвинувам Лари Насар и го обвинувам целиот систем што му овозможи да изврши таква злоупотреба“, рече таа, додавајќи дека „лузните од ужасното злоставување сè уште живеат со неа“.

Насар (58), кој ја призна вината, во 2018 година беше осуден на затвор од 40 до 175 години. Тој претходно беше осуден на 60 години федерален затвор поради детска порнографија.

А сега после толку години, Гимнастичката федерација на САД и Олимпискиот и параолимпискиот комитет на САД ќе обезбеди компензација за повеќе од 500 девојки и жени кои преживеале некаков вид на злоупотреба додека го практикувале овој спорт.

извор:stil.kurir.rs/zena.blic
фотографии:PROFIMEDIA