Снежана Ѓуришиќ за само два месеци изгуби 20 кг: Со помош на еден напиток својата линија ја доведе до совршенство

Добивај вести на Viber

Снежана Ѓуришиќ успеа да ослабе неверојатни 20 килограми, а еве како го направи тоа

Популарната пејачка Снежана Ѓуришиќ поради својот раскошен глас го заслужи епитетот „кралица на народната музика“. Во текот на нејзината богата кариера и живот имала неколку проблеми со вишокот килограми, но секогаш успевала да се избори со нив и да ја доведе фигурата до совршенство.

Имено, за време на едно телевизиско гостување, Снежана Ѓуришиќ си ја отвори душата и призна дека тајната на нејзиното брзо слабеење е само еден пијалок.

Последен пат кога имала проблем со килограмите успеала да ослабе 20 килограми за само два месеци.

- Се здебелив неколку килограми додека бев со ќерка ми Америка. Културата на храна таму совршено му одговараше на хедонистот во мене. Тој вишок ме мотивираше да се поврзам со војникот во мене и два месеци да држам посебна диета. Јадев само лубеници и пиев сок од нив и така ослабев 20 килограми – откри оваа пејачка.


Иако во моментов не се во сезона, лубениците ги има на сите поголеми маркети.

Покрај тоа, како што објасни, имала редовни физички активности, односно тренирала два до три пати неделно и дека покрај тоа секогаш се грижи да е во одлична кондиција. Меѓутоа, во таа прилика откри дека поради премногу обврски не успева секогаш да се храни здраво, како и дека „слабост“ ѝ се слатки.

- Знам да бидам дисциплинирана и по потреба да практикувам посебен режим на исхрана - тврди Ѓуришиќ.

- Посебно сум „слаба“ кога се во прашање слатки! Некогаш ги избегнувам, а некогаш си давам одмор и уживам во нив, откри Снежана и додаде:

- Мислам дека ослабев од инает. Колку сум понервозна и поуморна, толку сум подобра и поубава. Шегата на страна, се ослободив од слатки и леб и толку, заклучи Снежана.

Извор: stil.kurir.rs