Снежна идила од Попова Шапка: Скијачката сезона може да се прогласи за отворена

Најдебелата снежна прекривка е во Попова Шапка, каде се измерени 88 сантиметри...

Ова беше доволен мотив за граѓаните да се упатат на падините на Шапка и за првпат да уживаат во зимските спортови. Со ова скијачката сезона може да се прогласи за отворена, иако денес не беше забележан голем број на скијачи.

Патот до Попова Шапка е прооден, но сè уште не може да се каже дека сезоната е започната во полн сјај. Доколку се размислувате каде да заминете и да уживате во снежна бајка, Шапка е одличен избор, а за тоа какви се цените за храна и пијалоци, повеќе прочитајте ТУКА.

Нашата редакција и овој викенд беше таму и во фотогалеријата во продолжение, ви пренесуваме дел од снежната идела која владее на една од омилените зимски локации на нашите граѓани.