Со 200.000 до 300.000 вакцинирани во Македонија ќе се почувствува спласнување на вирусот
Во последните три дена загрижува фактот дека меѓу големиот број починати има навистина млади луѓе. Вчера, меѓу оние кои не ја издржаа борбата со вирусот е пациент на 38-годишна возраст, завчера починаа девојчиња кои имаа само 23 и 24 години. Помладата немала никакви коморбидни состојби претходно. Ден пред нив почина исто така девојка која имаше 29 години. Здравствените експерти во светот и во регионот недели наназад посочуваат дека сега во третиот бран на Ковид-19 најмногу на удар е помладата популација за што даваат разни објаснувања зошто е тоа така. Велат и дека посебно загрижува фактот што младите луѓе кои сега, во пролетниов период се разболуваат, имаат многу потешка клиничка слика за разлика од зимските месеци и предупредуваат дека тешката форма на болеста е сè повеќе е присутна и кај младите кои немаат коморбидитети.
-Почетокот на болеста посебно кај младите луѓе е најчесто асимптоматска. Барем во првите два три дена, по што нагло почнува состојбата да им се влошува, па за кратко време стануваат кислородно зависни. Во тој период вирусот може да направи толку сериозни компликации во целиот систем на организмот, па често се случува дел од младите пациенти за жал да завршат со фатален исход, односно со смрт, велат д-р. Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар.