Со апликацијата HalkEco, Халкбанк останува посветена на создавање поздрава животна средина

Халкбанк и во 2020 година останува посветена на активностите за подобрување на животната околина преку апликацијата HalkEco. Мобилната апликација со која се засадуваат дрвја и се поттикнуваат граѓаните на физичка активност, ги заокружува активностите на банката во корпоративната општествена одговорност. HalkEco сѐповеќе станува алатка преку која се подигнува еколошката свест и се пошумуваат зелени површини. Граѓаните сѐ повеќе ја користат и сѐ повеќе се физички активни, со што придонесуваат Халкбанк да засадува дрвја.

Популарноста на апликација меѓу граѓаните се должи на мултифункционалноста и повеќеслојноста, со што во себе спојува повеќе активности, пошумување и засадување дрвја, мотивира физичка активност кај корисниците, дава можност за добивање награди, и најмногу од се ја буди еколошката свест кај граѓаните.

Преку апликација банката досега има засадено 152 дрвја, воглавно во градски средини и школски дворови во повеќе градови низ државата. Досега корисниците на апликацијата имаат поминато над 135.236километри во пешачење, трчање, возење велосипед или тротинет, со штообезбедија засадување на  над 1.690 нови дрвја ија намалија емисијата на штетни гасови за над 17.227 CO2 кг.

Мобилната апликација HalkEco веќе има над 4.170 корисници кои и понатаму во континуитет овозможуваат банката да засадува дрвја во нивно име.

Халкбанк преку апликација ги поттикнува граѓаните на каква било физичка активност, пешачење, трчање, возење велосипед или тротинет, а како одговор на нивните заложби засадува дрвја, со што заедно придонесуваат за почиста и поздрава животна средина. На секои реализирани 80 километри, како вкупна физичка активност на сите лица што ја користат апликацијата, а истите се регистрирани во неа, банката засадува по едно дрво. На овој начин и банката и граѓаните стануваат одговорни за околината и придонесуваат за помасовно пошумување и засадување дрвја.

Поттикнувајќи ги граѓаните на поголема физичка активност, истовремено сите кои ќе ја симнат апликацијата, со нејзиното активирање и користење при секоја физичка активност, добиваат и HalkCoins. На седумте најактивни корисници веќе им донесе вредни подароци – тротинети и  велосипеди. На тројца од нив кои најмногу ја користеле апликацијата и веќе собраа по 2000 HalkCoins им беа доделени првите тротинети, а четворица со по 1500 HalkCoins добија велосипеди. Дополнително, банката преку вредни финансиски олеснувања за своите услуги и производи, според вредноста на собраните HalkCoins, ги мотивира граѓаните да бидат физички активни, наместо да користат возило или јавен транспорт.

Како резултат на активноста на граѓаните, континуирано се засадуваат дрвја каде што има потреба. Досега се засадени дрвја во основните училишта Димитар Миладинов Скопје, Јан Амос Коменски Скопје, Гоце Делчев – Битола, Тодор Ангелевски – Битола, Александар Турунџиев, Петар Мусев Богданци, Браќа Миладиновци – Жван, Крсте Мисирков Куманово, Партение Зографски - Кисела Вода, Наим Фрашери Студеничани, Гимназија – Гостивар, Д-р Владимир Полежиноски Кичево, Зеф Љуш Марку, Мирче Ацев Скопје.

Садењето на нови дрвја ќе продолжи и во иднина на локации каде е потребно пошумување.