Го заведе згодниот фраер со кој 5 пати дневно има односи: Манекенката со божествено тело страствена на базен (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Најжешката манекенка фатена во страста со своето момче на базен, а многу луѓе се засрамија од нивното однесување!

Голманот на „Ајнтрахт“ и на репрезентацијата на Германија Кевин Трап ужива во моментите со својата девојка, неверојатно жешката манекенка Изабела Гулар и пријателите на популарниот грчки остров Миконос, кој го обожава светскиот џет-сет. Сепак, сите медиуми „брмчат“ за еден од најубавите парови, според многумина, поради папарацо фотографиите на кои се гледа дека меѓу нив сѐ уште постои голема страст. Имено, тие не обрнувале внимание на присутните, туку разменувале нежности како да се сами на базен и на плажа.

View this post on Instagram

A post shared by Sexy Celebrity (@sexy_celebrity.2)


Ниту пријателите на Кевин не им пречеа, а заносната бринета го бакна и гушна својот партнер кој не остана имун на нејзините допири, а будното око на папарацо фотографот ги фати во многу незгодни пози. Судејќи според најновите слики, и по осум години врска, љубовта сè уште цвета меѓу Трап и Изабела!

Покрај тоа, познатата бразилска манекенка мамеше воздишки со своето извајано тело во минијатурно бикини каде и да одеше. Исончаната кожа, совршените стомачни мускули и затегнатите нозе ги оставија без здив речиси сите припадници на посилниот пол.

View this post on Instagram

A post shared by football Wags/families. (@ftblwags)


Кевин и Изабела ја започнаа својата романса во 2015-та година, а се верија 3 години подоцна.

„Немам зборови да го опишам овој магичен момент. Те сакам Изабел, мојата идна сопруго“, напиша голманот на својот Инстаграм профил.

Од моментот кога влегоа во врска, со нивните имиња не се поврзуваа љубовни врски и скандали. Напротив, тие важат за еден од најхармоничните парови, а иако убавата Бразилка е шест години постара, тоа воопшто не го нарушува нивниот хармоничен однос.

View this post on Instagram

A post shared by Izabel Goulart (@izabelgoulart)


Поради многубројните обврски кои згодниот атлетичар ги има со својот клуб и репрезентација, како и нејзините снимања и емисии ширум светот, ретки се моментите кога имаме можност да ја видиме оваа згодна двојка заедно во јавност. Но, каде и да се појават, се чини дека ги засенуваат сите останати.

Извор: stil.kurir.rs