Со еден потег ослободете се од мирисот на потта: Никогаш повеќе нема да мирисате непријатно

Добивај вести на Viber

Се срамите ли од своите непријатни мириси, а досега не сте успеале да направите ништо против тоа? Крајно време е да се ослободите од оваа траума.

Постои начин засекогаш да се ослободите од непријатните мириси кои ги предизвикува потењето, така што ќе ја третирате причината, а не последицата.

Претераното потење е нешто што навистина може да ве доведе до непријатна ситуација. Без оглед на тоа што имате одлични навики кога е хигиената во прашње, барем еднаш сигурно сте се запрашале како е можно потта да се чувствува само неколку часа по капењето.

Одговорот на ова прашање го дадоа научниците, кои тврдат дека најголемиот виновник е вашата исхрана и почестото туширање нема да помогне да ги спречите непријатните мириси на вашето тело.

„Запрашајте се дали пиете повеќе кафе, отколку вода, а доколку вашиот одговор е потврден, време е веднаш да ги промените лошите навики“ - предупредува д-р Јамуна Паи.

Таа потсетува на нешто што веќе сигурно го знаете, дека потта сама по себе не мириса, туку за непријатниот мирис се „виновни“ бактериите, кои се наоѓаат на кожата и кои се одлична основа за развојот на комбинацијата од пот и мртви клетки.

Под пот се подразбира солена, проѕирна течност, која ја проиведуваат и лачат екрините потни жлезди, со што се исполнува важната телесна функција за ладење на нашето тело.

За да бидете успешни во лекувањето на потните жлезди, Паи советува да се храните здраво и балансирано. Избегнувајте кунзумирање на кромид и лук, а својата исхрана збогатете ја со овошје и зеленчук, а притоа внимавајте на адекватното внесување на протеини, интегрални житарки и додатоци како што се комплексот витамини Б и цинк со конзумирање на многу вода во текот на денот.

Надворешно, антиперспирантите можат да дадат најголема помош благодарение на нивната главна состојка, која се базира на алуминиумски соли.