Со храна до рамен стомак - како?

Добивај вести на Viber

Јадете помалку, движете се повеќе и нездравата храна заменете ја со здрава.

Исправете се, рамењата нека ви бидат израмнети со главата и повлечете го стомакот. Можеби на почетокот ќе се чувствувате малку неприродно во оваа положба, но набргу овој став ќе ви стане нормален. Пробајте и некои вежби за подобрување на држењето. Со тоа ќе ја намалите веројатноста од повреди, а правилното држење ќе влијае на вашиот подобар изглед и самодоверба.

Немојте да ги запоставите останатите мускули и да правите само вежби за стомакот. За рамен стомак потребно е да ги вежбате сите групи на мускули. Можете да почнете со пилатес, кој е добар за сите мускули.

Ако сакате да изгледате како вашата омилена ѕвезда, тоа може да биде добра мотивација, но не очекувајте дека некогаш ќе изгледате токму така. Во формирањето на телото клучни се гените. Тоа не значи дека треба да се откажете од тренирање, но поставете си одредени цели со кои ќе бидете задоволни, советува нутриционистот Луиса Паркер.

За добри резултати потребно е време. Немојте да очекувате дека ќе имате рамен стомак само ако секојдневно вежбате, а ништо не преземате во врска со вашата исхрана.