Со иновативната Еуцерин Hyaluron-Filler + Elasticity Day Rosé SPF30 ќе заборавите на бледата и уморна кожа!

Добивај вести на Viber

Новиот Eucerin Hyaluron-Filler + Elasticity Day Rosé SPF30 ги обедини на едно место докторите фармацевтите и новинарите. Настанот се случи во Скопје, во понеделникот во хотелот Doble Three by Hilton во една неформална конструктивна и едукативна атмосфера каде што присутните ги споија своите искуства и знаења за да се поттикне поголемо унапредување на здравствената заштита на кожата. Поводот послужи како платформа за професионалците да разговараат и да дознаат повеќе за значењето на медицинската грижа за кожата, со посебен фокус на иновативната крема Eucerin Hyaluron-Filler + Elasticity Day Rosé SPF30.


Медицинските професионалци присутни на настанот ја истакнаа критичната улога на негата на кожата во целокупната благосостојба на здравјето на луѓето и борбата против различни кожни состојби. Присутните фармацевти изразија интерес за иновативните карактеристики на новата крема Elasticity Day Rosé, препознавајќи ги потенцијалните придобивки што ги нуди за нивните клиенти. Кремата е специјално формулирана за намалување на напредните знаци на стареење. Производот има патентиран Thiamidol и ја намалува појавата на старечки дамки. По нанесувањето, формулата дава многу нежна розеникава боја за да се спротивстави на бледата и уморна кожа, што е придружен знак дека кожата старее, особено видлив знак наутро.  

Дневната крема дава моментален сјај на бледата кожа со тоа што се додава розеникава пребоеност, покрај тоа делува веднаш на пополнување на брчките бидејќи комплексот колаген-еластин ја подобрува еластичноста на кожата” – изјави дерматологот, доктор Соња Петрушеска, медициснки претставник на Еуцерин во Македонија.


Новинарите што присуствуваа на настанот забележаа уникатна и едукативна атмосфера и живо се вклучија во дискусиите за улогата на медицинската нега на кожата при што имаа увид во ефикасноста на производот директно од медицинските професионалци и фармацевти.

Овој собир ја покажува посветеноста на стручната фела и има за цел да се подигне свеста за здравјето на кожата и медицинските препарати што се користат. Настанот ги инспирираше сите присутни и се поттикна меѓусебна соработка така што се актуелизираше една специфична и по многу нешта револуционерна нега на кожата.