Со мед против кашлица и бронхитис: Лесна и брза подготовка и сигурно оздравување

Добивај вести на Viber

Медот е чудо на природата, кој го добиваме со вредната работа на пчелите. Го има ливадски, шумски, планински, за каков и да се одлучите нема да погрешите.

Тој изобилува со витамини, минерали, амино киселини и ензими кои се од суштинско значење за зајакнување на имунитетот и одржување на нашето здравје.

А особено е добар да се консумира кога имате кашлица. 

Подгответе го овој народен лек против кашлица и бронхитис, се подготвува лесно и брзо.

За да го подготвите овој пијалок за кашлица, направете го следново:

Сварете една шолја (250 ml) со млеко. Оставете малку да се излади. Потоа додадете лажица путер и лажичка мед.

Додадете добро изматени жолчки и  1/4 лажичка сода бикарбона во шолјата.

Ова е многу ефикасен народен лек не само за кашлање, туку успешно лекува бронхитис, ларингитис и трахеит кај деца и возрасни.

Лекот се зема пред спиење најмалку 5 дена.

Ако цела зима ве мачи кашлица и настинка, ова е вистинскиот напиток за вас.