Со мурал од Нина Симовска dm дрогерие маркт ќе креира бран на инспирација

Добивај вести на Viber

Најголемиот европски дрогериски ланец, dm дрогерие маркт ја започнува својата нова кампања на тема: Инспирација! Преку слоганот: „Почувствувај ја моќта на инспирацијата“, dm ја претставува инспирацијата како емоционална поддршка. Нејзината цел: Да им помогне на купувачите и соработниците одново да се пронајдат себеси и да ги видат можностите во промените, да создадат средина и комуникација што ќе инспирира и поттикнува.

 Со цел да ја поттикне инспирацијата кај купувачите и да им помогне одново да се пронајдат себеси, dm дрогерие маркт овозможи на излогот на својата дрогерија во Градски Ѕид во Скопје да се наслика вистинско уметничко дело, што го изработи стрит-арт муралистката Нина Симовска од Just Because. Креирањето на овој мурал се случи на 17 мај, на денот кога пред точно една деценија се отворија првите две dm дрогерии во главниот град. Покрај креирањето на ова уметничко дело, се одржа и целодневна забава со диџеј, дегустација на органска храна и органски сокови, како и бесплатно шминкање.

- „За нас убавината е повеќе од „обична“ шминка. Убавината е израз на слободниот лет на инспирација. Токму тоа сакаме заедно да го постигнеме и да се инспирираме меѓусебно, да ја пронајдеме уметноста и креативноста во нас и одново да се откриеме себеси. Инспирацијата за ова ја наоѓаме во светот на уметноста, којшто е полн со различности. Тука наоѓаме нови бои, форми и стилови. Нашата кожа станува платно, карминот станува боја, а четката за пудра станува повеќенаменска алатка.“ - изјавија од dm.

Преку муралот, како и јубилејната кампања, креативноста и инспирацијата во dm нема да се одразуваат само во советите и новите производи, туку самиот dm е претворен во вистински eye-catcher благодарение на ова уметничко дело.

- „Делото на тема "Awakening" („Будење“) е инспирирано од пролетта и будењето на природата, а претставува девојка во таканаречена "daydream" состојба меѓу цветови во една разиграна динамика со светла палета на бои, типични за пролетта“ - истакна Симовска за своето дело.

Уметниците и уметничките дела отсекогаш влијаеле и ги инспирирале луѓето. Класичните слики како што се водените лилјани на Ван Гог или модерната улична уметност често се инспирација за новите трендови. Бојата и нијансите ги обликуваат идеалите за убавина многу години наназад. Затоа, под мотото „Инспирирани од уметноста“ dm дрогерие маркт ќе се обиде да изгради мост помеѓу уметноста и убавината. 

Преку специфични бои и текстури кои потсетуваат на насликано уметничко платно, новата кампања ќе биде претставена на сите комуникациски канали на dm, преку кои компанијата ќе се обиде да ги инспирира купувачите да направат нешто ново, посебно и уникатно и да им даде инспирација за нови идеи. 

Делото „Awakening“ ќе биде насликано на една ѕидна површина во Скопје и ќе служи како инспирација за нови идеи, не само за купувачите на dm, туку и за сите жители и посетители на главниот град.

ПР објава