(ФОТО) СО НИВ НЕМА ДА ЗГРЕШИТЕ: 4 најпопуларни бои за пролетната сезона
По зимското сивило ни доаѓа пролетно шаренило.
И оваа пролетна сезона во модата ќе доминираат боите, и тоа четири прекрасни нијанси на кои е тешко да им се одолее.
Задолжително додајте ги во својата пролетна гардероба.
Пудресто розова
Истовремено роматична, нежна и сестрана, оваа нијанса е совршена и им стои баш на сите.
Жолта
Минатото лето бевме вљубени во жолтите фустани, а оваа пролет оваа весела боја ја гледаме и на остатокот од гардеробата, а ако сте една од оние девојки кои сакаат да бидат забележани, тогаш жолтата е совршена за вас.
Зависно од вашиот стил, нема да згрешите ако се облечете од глава до пети во жолто.
Смарагдно зелена
Баш како и цветниот дезен, зелената боја е популарна секоја пролет, а оваа најмногу ќе се носи раскошната, смарагдна нијанса. Тоа е идеален пролетен избор.
Боја на лаванда
Институтот за боја Пантоне - боја за 2018та ја прогласи виолетовата, а модниот свет најмногу се вљуби во нијнсата на лаванда. Досега баш и не била по сечиј вкус, но веруваме дека оваа пролет ќе ја засакаат сите бидејќи е еднакво нежна , романтична и неодолива како пудресто розевата.