Со првиот здив, за нас стана и воздух и живот: Ели Танасковска со емотивна порака за ќерката

Водителката и уредник во културно - уметничката програма на МТВ, Ели Танасковска е мајка на две ќерки и како што вели со двете има одлична комуникација и блискост.

Овојпат на социјалните мрежи таа ѝ го честита роденденот на помалата ќерка Леона.

- Со првиот здив, за нас стана и воздух и живот, Леонче. Биди ни среќна, биди љубена и полна радости. Среќен роденден- напиша Ели под низата фотографии од ќерката.

Ели откри дека првото кафе го пие токму со неа, а дека и вечерта и завршува во кругот на семејството. 

Поголемата ќерка Симона, долги години живее во Канада и има ќерка по име Изабела, која судејќи по фотографиите на социјалните мрежи, обожава да се дружи со баба си.