Со радост ќе носам градник од милион долари: Кој ангел на Викториас Сикрет ќе го облече?

Добивај вести на Viber

Еден милион долари чини градникот наречен Fantasy Bra, кој го претстави модниот бренд  Victoria's Secret . Со ова „чудо од долна облека“, брендот ќе ја отвори годинашната ревија на долна облека, на 8 ноември.

„Многу девојки ќе посакаат да го носат, но среќата прва да го облече ја има нашата Елса Хоск“, велат од Victoria's Secret за својот модел од Шведска, која веќе седу, години е дел од нивниот тим. Покрај градникот, Елса ќе носи и кристален ѓердан и нараквица од што за Swarovski. 

На градникот има  21 илјада дијамати, а го дизајнираше исто така Swarovski. Изработката на Fantasy Bra траела 930 часа. 

Годинешниот Fantasy Bra чини двојно помалку од ланскиот, кој беше проценет на два милиони долари. Беше изработен од злато и украсен со повеќе од 6.000 скапоцени камења: дијаманти, жолти сафири и син топаз, а прва го облече Лаис Рибеиро.

„Ова парче ме враќа назад во деведесетите, и одлично оди со мојот личен стил на градници. Со радост ќе го носам“, изјави Елса кога го виде уникатното парче.